1200x800

Кои Материјали Најчесто Се Користат Во Производството на Фотоволтаични Соларни Панели?

Фотоволтаичните соларни панели ја претвораат сончевата светлина во електрична енергија. Со тоа, овие уреди создаваат енергетска независност, ја намалуваат потрошувачката и придонесуваат во намалување на загадувањето на животната средина. 

Но, дали сте се запрашале од што се направени фотоволтаиците? Читајќи го овај пост ќе дознаете кои материјали најчесто се користат за производство на овие ефикасни соларни уреди. 

Од Што Се Направени Фотоволтаичните Соларни Панели?

Фотоволтаичните соларни панели се изработуваат од материјали наречени полупроводници кои што ја претвораат сончевата енергија во електрична енергија. 

За изработка на соларни панели, најчесто се користат полупроводнички материјали како што е силициумот. Но, материјалите кои што се користат за производство на овие уреди се само дел од панелот. 

Процесот на производство вклучува и:

  • Метална рамка
  • Контактни материјали 
  • Инкапсулантен материјал 
  • Калено стакло
  • Стаклен лим
  • Стандардна жица од 12 волти

Видови на Материјали За Соларни Панели

Првата генерација на фотоволтаични соларни панели беше направена од силикон со кристална структура. Силиконот, конкретно кристалниот силикон е сеуште помеѓу најчестите материјали кои се користат во производството на соларни ќелии.

Видови на Материјали За Соларни Панели
Сликата е превземена од: unsplash.com / Автор: American Public Power Association

Овај материјал се користи за создавање полупроводници на околу 95% од фотоволтаиците на пазарот денес. Кристалните силиконски ќелии се направени од атоми на силикон кои се поврзани едни со други за да формираат кристална решетка. 

Тие ја претвораат сончевата светлина во електрична енергија со помош на таканаречениот фотоволтаичен ефект. Оваа кристална решетка ја прави конверзијата на светлина во електрична енергија по ефикасна. 

Соларните панели од силикон се одликуваат со голема ефикасност и долг животен век од минимум 25 години. 

Стандардните фотоволтаични панели се изградени од монокристални и поликристални ќелии. Постојат и хибридни фотоволтаични соларни панели кои се изработени од кристален силикон во комбинација од други материјали.

Монокристални Фотоволтаични Соларни Панели

Монокристалните соларни панели се направени од еден кристален блок од силициум. Овај вид на панели се ефикасни но исто така и поскапи за производство. 

Тоа е поради способноста на материјалот да генерира повеќе електрична енергија. Највисоката ефикасност на фотоелектричната конверзија на монокристалните силиконски соларни ќелии е 24%, највисока од другите видови на панели. 

Овај материјал е обложен со калено стакло и водоотпорна смола. Ова ги прави монокристалните соларни панели издржливи. Ваквиот тип на соларни панели имаат работен век и до 25 години. 

Поликристални фотоволтаични соларни панели

Како што сугерира самото име, овие соларни панели се направени од повеќе кристални блокови од силициум. Нивниот процес на производство е сличен на онај на монокристалните панели. 

Тие се помалку ефикасни за разлика од монокристалните, со фотоелектрична конверзија од околу 16%. Сепак, овај вид на соларни панели се поекономични за производство. Работниот век на овај тип на панели е пократок од онај на монокристалните. Што се однесува до цената, поликристалните се поевтини од монокристалните соларни панели.

Хибридни Фотоволтаични Соларни Панели

Фотоволтаиците со хибридни ќелии се создадени со комбинирање на кристален и некристален силициум. Тие имаат поголема ефикасност од конвекционалните ќелии, но нивниот производствен процес е прилично сложен. 

Други Видови на Фотоволтаични Соларни Панели 

Покрај силициумските фотоволтаици, постојат и други видови на фотоволтаични соларни панели како што се фотоволтаични соларни панели од тенок слој и органски фотоволтаични соларни панели. Секој тип има свои предности и недостатоци и се погодни за различни апликации. 

Фотоволтаични Соларни панели од Тенок Слој

Оваа технологија вклучува тенки слоеви од различни полупроводници како и материјали како аморфен силициум у кадмиум телурид. Овај тип на панели се лесни за производство и добра опција за одредени апликации.

Аморфен Силициум

Ова се нов тип на соларни панели направени од тенок филм. Процесот на производство на овај вид на панели е различен од онај на монокристалните и поликристалните соларни панели. 

Тие не се кристални, туку се прикачуваат на подлога како стакло, пластика или метал. За разлика од другите видови, ваквите видови на панели се слаби и се  виткаат. Производствениот процес на соларните панели од аморфен силициум е многу поедноставен а потрошувачката на енергија помала.

Еден од предностите што ги поседува ваквиот тип на панели е можноста да генерира енергија и при услови на слаба светлина. Ефикасноста на фотоелектричната конверзија кај овие панели е 10%. 

Повеќекомпонентни Соларни Панели

Повеќекомпонентни соларни панели се оние панели кои не се создадени од полупроводнички материјали со еден елемент. Овај вид на технологија се фокусира на концентрирање на сончевата енергија преку леќи или огледала врз мали фотоволтаични површини. 

Најчесто се користат специфични материјали кои им овозможуваат на панелите да работат со висока интензивност на светлина. Тоа се материјали како кадмиум телурид, галиум арсенид, бакар индиум селен, бакар индиум галиум дизеленид и др. 

Кадмиум Телурид

Кадмиум телорид е вториот најчест материјал по силициумот кој се користи во производството на соларни панели. Ќелиите од овај материјал се прават со користење на евтини производствени процеси што го прави исплатлив.

Пероскитни Фотоволтаични Соларни Панели

Ова се вид на ќелии со тенок филм кои што се именувани по нивната специфична кристална структура. Пероскитните се класа на материјали со слична структура кои се карактеризираат со суперспроводливост. 

Нивната структура ги прави погодни за производство на ефтини е ефикасни фотоволтаици. Поради овие погодности, овие материјали се сметаат за иднината на соларните ќелии. 

Соларни Панели со Флексибилна Батерија

Флексибилните соларни панели создадени од текон филм се разликуваат од конвекционалните. Конвекционалните соларни панели се направени од два слоја стакло, се потешки и не се лесни за движење.

За разлика од нив, тежината на соларните панели со флексибилна батерија е многу полесна. Ваквите панели можат исто така да се свиткаат по потреба, што ги прави лесни за носење. 

Но, ефикасноста на фотоелектричната конверзија на овај вид на панели е помала од онаа на конвекционалните кристални силиконски панели. 

Органски Фотоволтаични Ќелии

Органските фотоволтаични ќелии се направени од соединенија на органски јаглерод. Тие се помалку ефикасни од кристалните силиконски ќелии и имаат пократок животен век. Но, сепак кај нив произвотствените трошоци можат да бидат пониски доколку се произведуваат во големи количини. 

Органски Фотоволтаични Ќелии
Сликата е превземена од: unsplash.com / Автор: Anders J

Завршни Зборови

Соларните панели се направени од група на хемиски елементи и компоненти кои се клучни при процесот на конверзија на соларната светлина во електрична енергија. Фотоволтаичните соларни панели се сложена технологија за која се потребни квалификувани професионалци за производство и инсталација. 

Ако сакате да ја искористите моќта на сонцето, овие уреди се одлична опција. Тие одликуваат со голема ефикасност, долг животен век  и нудат многу придобивки за корисниците. 

Разлики-Помеѓу-Различните-Типови-На-Фотоволтаици

Разлика Помеѓу Монокристални, Поликристални и Фотоволтаични Соларни Панели Со Тенок Филм

Фотоволтаиците се уреди кои се дизајнирани да ја трансформираат сончевата светлина во електрична енергија. Постојат повеќе видови на фотоволтаични соларни панели кои се разликуваат по нивниот состав и карактеристики. Доколку сте заинтересирани за инсталација на вакви уреди и сакате да дознаете повеќе за нивните сличности и разлики, продолжете со читање. 

Разлики Помеѓу Различните Типови На Фотоволтаици

Разликите помеѓу монокристални, поликристални и фотоволтаични соларни панели со тенок фил се во технологијата на изработка, нивната ефикасност, и перформанси. 

Изборот за тип на фотоволтаични соларни панели зависи од повеќе фактори како што се буџет, расположлив простор, ефикасност како и примерна намена на овие уреди. Во продолжение ќе прочитате за некои од основните разлики. 

Разлики Помеѓу Различните Типови На Фотоволтаици
Сликата е превземена од: unsplash.com / Автор: Harisankar

Производствен процес

Разликата помеѓу типовите на фотоволтаични соларни панели започнува со начинот на кој тие се произведени. Монокристалните ќелии се произведуваат со еден кристален блок од сицилиум. 

Тие имаат висока ефикасност на конверзија и се одлични за места со ограничен простор за инсталација. Производствениот процес на поликристалноте фотоволтаични соларни панели е поедноставен. 

Тој вклучува изработување на повеќе кристални блокови од силициум. Тие имаат помала ефикасност и постојат во различни форми. Тие се одлична опција за корисници кои бараат добра ефикасност и цена. 

Панелите со тенок филм користат тенки слоеви од различни полупроводници или други материјали како аморфен силициум и кадмиум телурид. 

Тие се произведуваат на тенки материјали и можат да се интегрираат во различни апликации. Овај тип на фотоволтаични соларни панели имаат можност за широка употреба. 

Разлики во изглед

Монокристалните фотоволтаични соларни панели најчесто се одликуваат со црна рамка и ќелии. Овие соларни ќелии можете лесно да ги препознаете по нивниот темен изглед и заоблени рабови. 

За разлика од темниот изглед на овие панели, поликристалните фотоволтаици имаат сина нијанса поради нивната различна кристална структура. Тие исто така немаат заоблени рабови. 

Панелите со тенок филм се лесно претпознатливи по нивниот тенок изглед. Тие се лесни и флексибилни и се достапни во црна и сина боја, во зависност од материјалот од кој се направени.

Ефикасност

Ефикасноста на соларните панели се однесува на тоа колку е добра ќелијата во претворање на сончевата светлина во електрична енергија. Помеѓу различните типови на фотоволтаични соларни панели, најголема ефикасност имаат монокристалните. 

Нивната ефикасност типично варира од 15% – 22%. Поликристалните панели се помалку ефикасни. Секоја поликристална ќелија е направена од премногу кристали што им дава помал простор на електроните за движење. Повеќето вакви панели имаат ефикасност од 13% до 18%. 

Панелите со тенок филм се помалку ефикасни и имаат помал капацитет од монокристалните и поликристалните панели. Нивната ефикасност варира од материјалот од кој се направени и најчесто варира од 7% – 18%. 

Перформанси на високи температури

Различн ите типови на фотоволтаични соларни панели имаат различен температурен коефициент. Температурниот коефициент мери колку добро функционира сончевата ќелија кога температурата се зголемува. 

Поради тоа што темните ќелии на монокристалните панели абсорбираат топлина, нивната ефикасност се намалува на повисоки температури. Тие најчесто имаат коефициент од -0,3% / C до -0,5% / C. 

За разлика од нив, ефикасноста кај поликристалните панели не се намалува на исто ниво како кај монокристалните. Тоа е поради тоа што сините ќелии абсорбираат помалку топлина.

Фотоволтаичните соларни панели со тенок филм се помалку погодени од високите температури. Според тоа, тие губат само мал дел од перформансите кога има многу топли временски услови.

Животен век

Фотоволтаичните панели се познати по тоа што имаат долг животен век. Нивниот животен век се означува со стапката на деградација односно годишната загуба на производство на енергија.

Годишната загуба на ефикасност кај монокристалноте фотоволтаични панели се движи од 0,3% до 0,8%. Повеќето вакви фотоволтаилно соларни панели доаѓаат со гаранција од 25 до 30 години.

Но, доколку редовно се одржуваат, ваквите панели може да траат и до 40 години. Поликристалните панели од друга страна имаат повисока стапка на деградација. 

Сепак, повеќето вакви панели имаат животен век од 20-35 години доколку редовно се одржаваат. Од трите видови на фотоволтаични соларни панели, оние со тенок филм имаат најкраток животен век. Но, овие панели можат да заштедат трошоци за електрична енергија. 

Животен век на соларните панели
Сликата е превземена од: unsplash.com / Автор: Chelsea

Вредност

Како што може да се забележи, монокристалните фотоволтаици имаат многу предности. Но, нивната почетна цена е повисока одколку онаа на останатите типови на панели. Ова се должи на различниот процес на производство. 

Поликристалните панели имаат помала цена по вати, што ги прави поевтина варијанта. Тоа е поради тоа што производствениот процес користи помалку енергија и исто така создава помалку отпад.  

Панелите со тенок филм се најевтин тип на фотоволтаични соларни панели. Тоа поради што за нив е потребно помалку материјал, и се полесни за инсталација и производство. 

Завршни Зборови

На пазарот постојат повеќе типови на фотоволтаични соларни панели вклучувајќи ги и монокристалните, поликристалните и фотоволтаилните соларни панели со тенок филм. 

Додека овие панели функционираат да ја конвертираат сончевата светлина во чиста и овновлива енергија, постојат разлики помеѓу нив. Тие се разликуваат по нивниот изглед, ефикасност, цена, перформанси како и животен век.