Која е Ефикасноста на Типичните Фотоволтаични Соларни Панели?

Ефикасноста на фотоволтаични соларни панели е од големо значење во денешно време. Употребата на обновливи извори на енергија постојано расте, затоа што овие уреди ги намалуваат трошоците за електрична енергија.

Нивната ефикасност игра клучна улога во тоа колку енергија може да се генерира од дадена површина на панели. Ако сакате да дознаете повеќе за ефикасноста на овие соларни системи, продолжете со читање. 

Ефикасност на Фотоволтаичните Соларни Панели

Првите соларни ќелии во 1800-тите имаа помалку од еден процент ефикасност, што не беше доволно за овие уреди да станат корисни извори на енергија. Во 1954, беше измислен првиот силиконски соларен панел со ефикасност од 6%.

Од тоа време, соларната технологија еволуираше со брзо темпо. Ефикасноста на фотоволтаиците е мерка која покажува колку ефикасно може да ја претвори сончевата светлина во употреблива електрична енергија. 

Фотоволтаични соларни панели се уреди кои што ја конвертираат сончевата светлина во електрична енергија преку таканаречен фотоволтаичен ефект.  

Овај феномен настанува кога одредени материјали (најчесто полуспроводници) апсорбираат фотони од сончевата светлина и ослободуваат електрони, со што генерираат електрична енергија. 

Ефикасноста на повеќето комерцијални фотоволтаични соларни панели се движи од 15% до 22%. Сепак, со напредната технологија истражувачите развија ќелии со ефикасност која надминува 40%. 

Колку е поефикасен фотоволтаичниот соларен панел, толку повеќе ќе има излезна енергија по количина на светлина која што ја погодува соларната ќелија. 

Ефикасност на Фотоволтаичните Соларни Панели
Сликата е превземена од: unsplash.com / Автор: joenevdw

Повеќе за ефикасноста на фотоволтаиците 

Технологијата на фотоволтаичните панели продолжува да напредува, а истражувања за подобрување на ваквите соларни уреди се во тек. Некои материјали и технологии се развиени да доловат поширок спектар на светлина. 

Со тоа, се појавуваат нови материјали како перовските панели и органски материјали кои покажуваат ветувачките резултати и се истражуваат како можност за подобрување на ефикасноста на овие уреди.

Напредокот на технологијата исто така доведе до развој на поефикасни соларни ќелии како што се повеќеслојните ќелии кои што се состојат од повеќе слоеви на полупроводнички материјали. 

Исто така, се развиваат техники како концентрирано сончево зрачење со цел зголемување на генерираната обновлива енергија од природни ресурси како што е сонцето. 

Од што зависи ефикасноста на фотоволтаичните соларни панели?

Ефикасноста на фотоволтаичните соларни панели зависи од повеќе фактори:

  • Квалитет на материјалите кои се користат за производство на ќелиите
  • Дизајнот на структурата на ќелијата
  • Технологијата имплементирана во производствениот процес 
  • Интензитетот на сончева светлина
  • Аголот на инциденца на светлината врз панелите
  • Брановата должина на светлината која што ќелијата ја апсорбира

Временските услови можат да влијаат врз ефикасноста на овие соларни уреди. Температурниот коефициент исто така може да ви помогне да разберете како ефикасноста на овие уреди може да варира во зависност од надворешната температура. 

Фотоволтаичните ќелии базирани на силикон доминираат на пазарот. Има два основни типови на фотоволтаични панели познати како монокристални и поликристални. 

Монокристалните ќелии се воглавно по ефикасни типови на ќелии. Нивната ефикасност варира од 15% до 22%, додека поликристалните имаат помала ефикасност, која се движи од 13% до 18%. 

Фотоволтаичните соларни ќелии со тенок филм исто така имаат помала ефикасност во споредба со монокристалноте фотоволтаични соларни ќелии. 

Важност на ефикасноста на соларните панели

Ефикасноста е клучен фактор за одредување на економската исплатливост на системите за соларна енергија. Таа има голема важност за поширокото прифаќање на сончевата енергија како чист и одржлив извор на енергија. 

Ќелии со поголема ефикасност можат да генерираат повеќе електрична енергија од иста количина на сончева светлина.  

Со ова се намалува бројот на соларни панели потребни за производство на дадена количина на електрична енергија што доведува до заштеда на трошоците за инсталација и одржување на материјалите. 

Иако ефикасноста е критичен аспект на фотоволтаичната технологија, таа не е единствен важен фактор што се однесува до апликацијата на овие уреди.

Други важни фактори се трошоците за производство и неговото влијание врз животната средина, животниот век на ќелиите, како и локацијата на соларната инсталација. 

Oдржување на соларни панели
Сликата е превземена од: forbes.com

Дали одржувањето на соларните панели влијание врз нивната ефикасност?

Од особена важност е да се спомене дека одржувањето на соларните панели значително влијае на нивната ефикасност. Редовното одржување ни помага да се осигураме дека панелите работат со нивна оптимална ефикасност. 

Тоа значи дека тие продолжуваат да генерираат максимална излезна енергија. Прашина и нечистотија може да се акумулира на површината на соларните панели со текот на времето, намалувајќи ја нивната способност да апсорбираат сончева светлина. 

Покрај чистењето, одржувањето на овие соларни уреди вклучува проверка на жиците, конекторите и инвертерите за било какво знаци на оштетување. Редовни инспекции можат да се идентификуваат и решат ваквите проблеми пред тие да влијаат врз работата на системот за соларни панели. 

Завршни Зборови

Историски гледано, цената на фотоволтаичните соларни панели непрекинато паѓа, додека нивната ефикасност постојано расте. Иако ефикасноста на овие соларни уреди не е 100%, тие нудат многу придобивки за корисниците меѓу кои и намалување на потрошувачката за електрична енергија. 

Тие стануваат се попривлечни за корисниците кои сакаат да генерираат чиста енергија и да ја намалат зависноста од фосилни горива кои што се штетни за животната околина.