Како Соларните Панели ја Претвораат Сончевата Светлина во Електрична Енергија?

Снабдувањето со електрична енергија преку користење на сончевата светлина станува се почесто. Сѐ повеќе домови и бизниси се одлучуваат за инсталација на соларни панели, кои нудат многу придобивки за корисниците. 

Тие произведуваат чиста и обновлива електрична енергија и со тоа ја заштитуваат животната средина. Покрај еколошки, овие уреди нудат и финанскиски придобивки за корисниците. 

Но, како соларните панели ја претвораат сончевата светлина во електрична енергија? Ако се прашувате на кој начин овие соларни уреди функционираат и какви типови на соларни панели постојат, продолжете со читање.

Соларни Панели 

Соларниот систем се состои од повеќе делови:

Соларни панели (менуваат сончева енергија во еднонасочна струја). 

Инвертер (ја претвора еднонасочната струја во наизменична)

Струјомер (нуди податоци за произведена и потрошена енергија). 

Сончевите ќелии познати и како фотоволтаични ќелии ја претвораат соларната енергија во електрична енергија. Овие ќелии се направени од посебен материјал на полупроводници како што е силициум. 

Повеќе вакви ќелии кои се електрично поврзани во рамка (соларен панел) формираат модул кој може да се поврзе во поголеми соларни низи. 

Соларни Панели 
Сликата е превземена од: freepik.com / Автор: brgfx

Како Функционираат Соларните Панели?

Соларните панели го користат принципот на фотоволтаички ефект за да ја претворат сончевата светлина во електрична енергија. Процесот на конверзија се одвива на следниот начин. 

Апсорбција на фотони 

Сончевите панели се користат со цел да се заробат фотоните од сончевата светлина и да се конвертираат во електрична енергија. Кога соларната ќелија е континуирано изложена на светлина, таа ја апсорбира енергијата од фотоните. 

Кога сончевата светлина паѓа на површината на соларниот панел, фотоните го погодуваат материјалот во ќелиите. 

Ослободување на електрони

Како последица од ударот на фотоните, електроните во атомите на материјалот добиваат доволно енергија за да се ослободат од своите атомски орбити. 

Тие создаваат електричен потенцијал што резултира во електрична струја. Овие струјни линии на електрони се поврзани преку проводници. 

Повеќе за нивниот принцип на работа

Соларните панели ја трансформираат соларната енергија преку процес наречен ‘фотоволтаичен ефект’.

Кога сончевата зраците ќе допрат до сончевата ќелија, одредена количина на енергија се задржува во полупроводничкиот материјал. Сончевите ќелии имаат едно или повеќе електронски полиња.

Тие ги туркаат електроните кои се ослободуваат со собирање светлина во одредена насока. Со оваа конверзија, се добива директна еднонасочна струја. 

Како Работат Соларните Панели Во Облачни Временски Услови?

Еден од главните бенефити на соларните панели е тоа што генерираат енергија дури и кога е облачно. Тие произведуваат енергија се додека има светлина која што ја апсорбираат. 

Ова вклучува и генерирање на енергија кога е облачно и кога има дожд. Соларните панели можат да создадат енергија дури и во услови на без директна сончева светлина, но со помала ефикасност. 

Постои и начин за генерирање на електрична енергија во текот на ноќта со користење на батерија. Така, вишокот на произведена енергија која што не ја троши домаќинството ќе ја полни батеријата.

Таа ќе може потоа да се користи во периоди на слабо производство. Некои индивидуални корисници користат хибриден систем. Тие ја користат енергијата  од соларните панели во текот на денот, додека во текот на ноќта, се снабдубаат со енергија од дистрибутивната мрежа. 

Бенефиции од Користење на Соларни Панели

Соларната енергија е еден од најбрзорастечките извори на енергија. Технологијата на соларните панели продолжува да се подобрува, што придонесува до економски и еколошки придобивки.  

Тие можат одлично да се вклопат во вашиот дом така што ќе се инсталираат така што ќе ги следат контурите на кровот. 

Произведуваат чиста и обновлива енергија

Соларните панели користат природен извор на енергија како што е сончевата. Оваа енергија е обновлива, поради тоа што сонцето не се исцрпува (барем не во наредните неколку милијарди години). 

Соларните панели се еколошки 

Тие не користат фосилни горива што ја загадуваат животната околина и ја намалува нивната употреба. Исто така, ваквите уреди не создаваат бучава додека генерираат енергија. Тие исто така не генерираат отпад што и штети на природата за разлика од фосилните горива. 

Ги намалуваат трошоците за електрична енергија

Како што споменавме, соларните панели ја користат соларната енергија за да генерираат електрична енергија. Со тоа, ја намалуваат потребата за користење на енергија од дистрибутивната мрежа. 

Долг животен век

Соларните панели се лесни за инсталација и одржување. Доколку редовно се одржуваат, тие имаат животен век од минимум 20 години. Тоа значи дека со оваа инвестиција, корисниците можат користат придобивки долго време.

Бенефиции од Користење на Соларни Панели
Сликата е превземена од: freepik.com / Автор: chandlervid85

Примена на Соларните Панели

Соларните панели се технологија која што е достапна за многу индивидуални корисници, компании и индустрии. Најчеста примена на соларните панели е за користење на електрична енергија во домаќинствата. 

Големите компании исто така можаат да имаат бенефит од од производство на соларна енергија со инсталација на соларни низи.  Сепак, овие уреди се користат и во сектори како што се сигнализација, осветлување, итн.

Со оглед на тоа што овие уреди нудат директен пристап до електрична енергија, исто така можат да се користат во рурални подрачја и места со отежнат пристап до електричната мрежа. 

Завршни Зборови

Еден од најдобрите начини за заштита на потрошувачката за електрична енергија и заштита на животната средина е инсталација на соларни панели. Овие уреди имаат долг животен век. 

Тие се лесни за инсталација, и евтини за одржување. Како резултат на тоа, корисниците на овие соларни системи можат долгорочно да ги користат нивните придобивки.