Индустријата за соларна енергија бележи голем раст во последните години. Сè повеќе граѓани и компании се одлучуваат за инсталација на фотоволтаични уреди, најчесто поради еколошките и финансиските придобивки кои ги нудат.
Бидејќи ја користат сончевата светлина за да произведат електрична енергија, овие уреди се алтернатива на фосилните горива. Во овај пост ќе прочитате за начинот на кој тие фунционираат и кои придобивки ги нудат за корисниците.
Што се Фотоволтаици?
Поимот фотоволтаици за прв пат се споменува во 1890 година. Потекнува од грчките зборови ‘phōs’ што означува светлина и ‘volt’, волт. Терминот волтаичен се однесува на електрична енергија произведена од хемиски реакција.
Оттука, фотоволтаиците се уреди кои ја користат сончевата енергија со цел да генерираат електрична енергија, со помош на полупроводнички материјали.
Таканаречениот ‘ фотоволтаичен ефект ‘ е феномен изучуван во физиката и хемијата. Соларните панели го користат овај феномен за снабдување на домовите и индустриите со електрична енергија.
Комбинација на повеќе фотоволтаични ќелии се нарекува фотоволтаичен систем. Овај поим се користи и за целиот интегриран систем вклучувајќи и компоненти како инвертери, батерии и контролни панели.
Типови на Фотоволтаици
Постојат повеќе видови на фотоволтаици кои се разликуваат меѓу себе по нивната природа како и по нивниот состав. Овие уреди се направени од полупроводнички материјали, најчесто силициум.
Постојат повеќе типови на фотоволтаични уреди. Можете да се одлучите за монокристални, поликристални или панели со тенок филм.
Фотоволтаиците можат исто така да бидат поврзани со мрежата и надвор од мрежата. Системи кои се надвор од мрежата се користат најчесто за оддалечени згради и викендици кои немаат пристап до јавната мрежа.
Доколку се поврзани со мрежата, тоа значи дека можете да ја користете енергијата произведена од нив но исто така да користите енергија од електроенергетската компанија по потреба.
Како Функционираат Фотоволтаиците?
Фотоволтаиците користат неисцрпни природни ресурси за да генерираат енергија. Тие ја трансформираат сончевата светлина во енергија преку таканаречени фотоволтаични ќелии (семикондуктори).
Тие се направени од материјали кои генерираат електричен потенцијал кога се изложени на сончева светлина. Кога сончевата светлина паѓа на површината на фотоволтаичната ќелија, фотоните се апсорбирани од материјалот на ќелијата.
Овие фотони им даваат енергија на електроните да се ослободат од нивните атомски орбити, оставајќи слободни електрони во атомската структура. Тие генерираат електричен потенцијал помеѓу различните делови на материјалот.
Овај процес создава потенцијална енергија што може да се користи како електрична струја. Таа се создава кога ослободените електрони се движат преку материјалот од една страна до друга.
Односно, се движат од дел со повисок електричен потенцијал кон дел со помал електричен потенцијал. Енергијата која што се генерира се собира надвор од фотоволтаичната ќелија и може да се користи за напојување електрични уреди.
Колку сончева светлина му е потребно на фотоволтаиците за да функционираат?
Спротивно на општото мислење, на фотоволтаиците не им е потребно големо количество на електрична енергија за да функционираат. Всушност, малку светлина е потребно за овај систем да работи.
Сепак, нивната ефикасност е пропорционална со количеството на светлина која тие ја примаат. Оттука, колку е посилно сонцевата светлина, толку повеќе електрична енергија ќе произведуваат овие уреди.
Фотоволтаици и Соларни Панели
Терминот соларни панели ги опфаќа соларните фотоволтаични панели и соларните термални панели. Тие се инсталираат на покриви од куќи и згради или на земјено ниво користејќи структури дизајнирани за таа намена.
Соларната енергија може да се користи на два начини – за создавање на електрична и топлинска енергија. Оттука, фотоволтаичните панели се поставуваат за претворање на сончевата енергија во електрична.
Соларните термални колектори од друга страна, се користат за конверзија на сончевата светлина во топлина. Ова вклучува соларен систем за греење на вода, дизајниран да ги задоволи потребите за вода во домаќинството.
Придовивки од Користење на Фотоволтаици
Произведуваат обновлива енергија
Еден од бенефитите на фотоволтаичните системи е тоа што работат во текот на целата година. Тие производуваат возобновлива електрична енергија што е достапна за користење секој ден.
Можат да се користат насекаде
По нивната инсталација, фотоволтаиците можат да функционираат секаде каде што има сончева светлина. Овие уреди не создаваат бучава додека генерираат електрична енергија. Тие обезбедуваат електрична енергија во летните како и во облачните периоди како и во зимските месеци.
Придонесуваат за заштита на животната средина
Фотоволтаичните уреди произведуваат чиста и обновлива енергија која што нема штетно влијание врз животната средина.
Со нивно користење, придонесувате за заштита на животната средина и намалување на емисијата на јаглерод диоксид. Нивната употреба доведува до пад на зависноста од фосилни горива.
Ја зголемува вредноста на вашиот дом
Фотоволтаичниот систем е солидна инвестиција. Со нивно поставување, можете значително да ја зголемите вредноста на вашиот дом.
Намалување на трошоците за електрична енергија
Инсталирањето на фотоволтаилни панели може значително да ги намали трошоците за електрична енергија. Како што споменавме, овие уреди го користат сонцето како бесплатен извор на енергија.
Тоа значи дека со нивно инсталирање, можете да ги покриете дел или целосно вашите потреби за електрична енергија. Колку повеќе енергија добивате од ваквите системи, толку помалку сте зависни од дистрибутивната мрежа.
Ова може да доведе до намалувате трошоците за електрична енергија на долг временски период. Еден од позитивните аспекти на фотоволтаиците е тоа што доколку редовно ги одржувате, тие имаат долг животен век.
Нивниот животен век зависи од повеќе фактори како нивниот квалитет и климатски услови. Фотоволтаиците најчесто имаат гаранција за користење од 20- 25 години, а трошоците за нивно одржување се ниски.
Завршни Зборови
Фотоволтаиците нудат многу придобивки за нивните корисници. Можноста да се користат во текот на целата година, зголемувањето на вредноста на домот и намалената потрошувачка се само дел од бенефитите на овие системи. Со развојот на технологијата, несомнено е дека употребата на овие механизми ќе продолжи да расти.